Новак Ѓоковиќ ја зацементира титулата најдобар на сите времиња и многу рекорди се во неговите раце. Заедно со титулите, на 24 Грен Слем и 40 Мастерси, дојдоа и парите што му овозможија да си обезбеди мирен живот. Во неговиот имотен лист сега се два и пентхауса во Њујорк.
Покрај домот во Белград, вредниот недвижен имот во Монте Карло и Марбела, Новак купил и два стана во луксузен комплекс во Њујорк.
Во областа Сохо, Ѓоковиќ издвоил речиси 11 милиони евра за да купи две станбени двособни единици во зграда во која работел познатиот архитект Ренцо Пиано.
Тие се наоѓаат на истиот кат, а објектот се уште е во реконструкција во долниот дел.
Се наоѓа на улицата Бром, а на Новак повеќе му се допаѓа работата на Пиано отколку самата локација, па во Мајами купил и станови во зграда што тој ја дизајнирал.
Рачно изработен мебел, подно греење и дабово дрво се само дел од работите кои можат да се најдат во овие апартмани сместени на истиот кат.
Во оваа зграда одредени станови имаат сопствен базен и огромна тераса, а во оваа стаклена зграда може да се најдат и библиотека, голем базен со спа центар, како и приватни паркинг места во подрумот.