Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјави за приштинската РТВ21 дека земјите-членки на Европската унија се разочарани што косовските Срби не учествуваат на претстојните локални избори.
Разочарувачки е што Српската листа одлучи да не учествува на локалните избори и покрај тоа што тие беа одложени во декември
Според него, главната работа е да се види како Србите активно учествуваат во локалната власт, полицијата и судството на северот на Косово. Приштина и Белград се обврзани да го направат приоритет враќањето на Србите во институциите, додаде тој.