СТАРИОТ ДОБАР “ПРИЈАТЕЛ“ НА РУСИЈА ПРИСТИГНА НА ФРОНТОТ – Володимир Зеленски се пожали за ситуацијата на истокот од Украина

Украинските војници се соочуваат со тешки одбранбени операции во источните делови на фронтот, каде настанува силен зимски студ, додека силите на југ продолжуваат со офанзивните акции, порача денес претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски на социјалната мрежа Телеграм напиша дека ситуацијата е тешка за украинските војници во близина на Лиман, Бахмут, Авдијевка, како и во Доњецк.

На истокот од Украина температурата денеска е минус пет Целзиусови степени со снег и мраз, а се очекува дополнителното опаѓање на температурата уште повеќе да ги отежне операциите на бојното поле, пренесува медиумската агенција Reuters.

Зимата е вековен сојузник на Русите и беше една од клучните елементи на победата над нацистите во Втората светска војна.

Руските трупи започнаа офанзива оваа есен на различни делови од линијата на фронтот во источна Украина, обидувајќи се да напредуваат во близина на градот Авдијевка и на североисток меѓу градовите Лиман и Купјанск.

Руските сили контролираат речиси една една петтина од територијата на Украина

војнаВолодимир ЗеленскиРусијаУкраина