СТАРИ ТЕМИ, НОВА ДИЛЕМА Ердоган и Бајден се сретнаа „лице в лице“: Само ЕДНО прашање на маса!

Важна средба на двајца светски лидери во Индија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека разговарал за прашањето за купување на турски борбени авиони Ф-16 од САД за време на кратката средба со американскиот претседател Џозеф Бајден на маргините на самитот на лидерите на Г20, јавува Анадолија .

– Имав краток разговор со Бајден. Разговаравме и за прашањето за Ф-16 – рече Ердоган на прес-конференција по самитот на Г20 во Индија. Лидерите на Г20, во отсуство на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, се собраа во Њу Делхи на дводневен самит на тема „Една земја, едно семејство, една иднина“, наведува агенцијата.

– За жал, нашите пријатели постојано ја споменуваат Шведска кога се работи за Ф-16. Таквиот пристап сериозно не вознемирува – рече Ердоган.

Претседателот на Турција повтори дека евентуалниот прием на Шведска во НАТО е во надлежност на турскиот парламент. „Не сум во ситуација да можам сам да одлучувам. Тоа треба да го усвои парламентот. Шведска мора да ги исполни своите обврски – рече Ердоган.

Турција тврди дека кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и прашањето за Турција за купување на Ф-16 од САД не се поврзани.

Официјална Анкара побара борбени авиони и опрема Ф-16 за модернизирање на авионот во октомври 2021 година.

Договорот вреден 6 милијарди долари ќе вклучува продажба на 40 авиони, како и комплети за модернизација за 79 борбени авиони кои веќе се во инвентарот на турската војска.

Стејт департментот неформално го информираше Конгресот за можната продажба, но клучните пратеници на Капитол Хил предупредија дека ќе го отфрлат договорот поради неколку барања, вклучително и условување на купувањето со Анкара да ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Анкара тврди дека авионите ќе ја зајакнат не само Турција, туку и НАТО алијансата.