Стево Пендаровски го потпиша указот за законските измени со кои до 31. декември се пролонгира важењето на возачките дозволи со ознака “Република Македонија“

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31. декември 2024.

Претседателот Стево Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Собранието попладнево, со 90 гласа „за“ ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31. декември 2024.

МакедонијаполитикаСтево Пендаровски