Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, со предлог на неговата партија ГРОМ.
ГРОМ одлучи да ме предложи за кандидат за претседател на Македонија“, рече Јакимовски.
Како што додаде, искуството, побелените влакна, резултатите, годините, како и секогаш јасните политички позиции што ги искажувал, им дале право на колегите да го предложат за оваа најважна функција за државата.