Денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на својот фејсбук профил ,,се пофали” дека тој заедно со други членови на ДПМНЕ имале средби со унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто и со американскиот помошник Државен секретар Евроазиски прашања Џејмс Обрајен. Оваа вест беше различно прифатена кај јавноста – едните го поддржа Мицкоски а други упатија критики, па дури и навреди кон лидерот на ДПМНЕ.
Поранешниот пријател на ВМРО ДПМНЕ – актуелен Претседател на политичката партија ГРОМ и Градоначалник на Општина Карпош, Стрвчо Јакимовски, преку фејсбук статус, на ироничен па дури и сатиричен начин ги прокоментира денешните средби на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ви го пренесуваме фејсбук статусот на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски:
Пинки го виде Тито…❗️
👉Фали ме усто оти ќе те расчепам.
Цееел ден кутрото лидерче на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се фали дека се сретнал помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.
За жал фалбата му траеше кратко и устата навистина му се решчепи. Овој пат од изненадување.
О’Брајан вели дека од овој човек(Христијан Мицковски) не би купил ни автомобил❗️
👉Очигледно пријателот американец не ја знае нашава македонска изрека:
“Абе ни орев од рука да му земеш”
👉Абе Брајанчо кога ти викав мафни го тамушто ќе ти е да губиш време со него сакаше сам да се увериш каков залутан лик и изгубен случај за политика дури и за една Македонија е твојот соговорник.
Ха ха ха…Ај што вика ни автомобил не би купил од него, туку се прашува и кој би гласал за него. Тушшшш❗️