Стефан Ѓуриќ Раста отсекогаш бил различен од другите и препознатлив по специфичната фризура со суканици.
Пејачот не ја смени фризурата повеќе од една деценија, но сега се појавија фотографии од раперот во џакузи без суканици. Изгледа дека пејачот одлучил повеќе да нема специфична фризура, па ја скратил косата, што на почетокот го направи непрепознатлив.
Инаку, Раста еднаш изјави дека никогаш нема да ги извади суканиците но, очигледно се предомислил.
„Никогаш нема да ги извадам моите суканици. Бев разочаран кога „The Weeknd“ го направи тоа за новата песна“, изјави раперот.