Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Американскиот Стејт департмент излезе со соопштение во врска со првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Ја уважуваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, соопшти портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

Таа додаде дека САД со децении инвестирале во стабилна Босна и Херцеговина.

„Цвртсо се спротивставуваме на какви било активности на локалните лидери кои би ја поткопале безбедноста и стабилноста. „Го поддржуваме Дејтон и суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, посочува Брус.

Додик со првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина е прогласен за виновен за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит додека в.д. Директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ беше ослободен од обвиненијата.

Судот го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на РС и да има политички активности.