Стигнаа првите цреши, муштериите се жалат на цените – „Како злато да купуваме“

„Првите домашни цреши се уште не се крупни, ниту сочни, а не привлекуваат муштерии ниту со својата цена, па нема навалица за овие црвени плодови“, е репортажата од сплитскиот пазар.

На сплитскиот пазар пристигнаа првите локални цреши. Минатата година еден килограм се продаваше за 6 до 8, а сега цената се искачи на 12 евра. „Првите домашни цреши се уште не се големи ниту сочни, а не привлекуваат купувачи ниту со нивната цена, па нема навалица за овие црвени плодови“,  објави вчера RTL  од сплитскиот пазар.

Таму продавачката Анка, на чиј штанд продава цреши од Жрновница, вели дека продава килограм за 7-8 евра, но и дека „лошо оди продажбата, а луѓето се жалат на цените“. Таа додава дека годинава таму можеле да се најдат увозни, многу поскапи цреши, кои се продавале за 30 евра за килограм.


Ангела Солдиќ
 , една од продавачките на пазарот во Сплит, вели: „Пред два дена ги продававме, но поради дождот денеска ги нема, но ќе бидат. Оваа година црешите добро родија, а овие денови ги продававме за 6 евра за килограм“. „Тие се скапи, реално – 12 евра, тоа е скапо за хрватскиот народ“, рече муштеријата Антонио од Подстрана за RTL. Вели дека по таа цена ги нашол токму тој ден на сплитскиот пазар.

Ако треба да бираат меѓу домашна и увозна цреша, се чини дека сплиќани дефинитивно ќе одберат домашна цреша. „Не гледам увезени, туку наши, ми се чини дека овие увезените многу ни патуваат“, вели еден случаен минувач. „Катастрофа, што да ви кажам, порано не вредеше, а сега е многу скапо“, коментира друг посетител на сплитскиот маркет и додава: „За пензионерите е недостижно. Секој ден ќе поминуваме овде, па на барем ќе гледаме“.