Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панчо Жежовски, според турските адвокати кои се занимаваат со оваа проблематика, изјавија дека тој може да биде во притвор во Турција најмногу една година.
Турското Министерство за правда пред два дена ги извести македонските колеги дека пристигнало барање за негова екстрадиција. По апсењето во Баликесир, на Палевски му е одредена мерка притвор во траење од 40 дена. Барањето е испратено преку сите три можни канали – турското Министерство за правда и надворешни работи и Интерпол.
Адвокатот Бегум Гурел го опиша процесот. Следен чекор што треба да го направи Министерството за правда е барањето за екстрадиција да го проследи до обвинителството, а потоа до Судот за тешки кривични дела кој ќе го оценува кривичното дело.
– По истекот на овој рок од 60 дена, според пресудата на судовите, овој рок може да се продолжи најмногу до една година. Според пресудата на судовите, на пример, ќе кажеме дека на насилникот му е изречена мерка притвор од 60 дена, ќе се бара од државата да испрати документи. По поднесување барање за испраќање документи, судот може да донесе пресуда, приведеното лице може да се жали на пресудата. Потоа се разгледува жалбата и се донесува правосилна пресуда, се добива мислење од Министерството за правда и МВР, се доставува до Министерството за надворешни работи и потоа со мислење на претседателот на државата, одговорот се испраќа до државата која го испратила барањето за екстрадиција. Ова би бил мојот краток одговор на вашето прашање – изјави адвокатот Бегум Гурел за македонските медиуми.
Од Министерството за правда претходно информираа дека екстрадицијата на Палевски ќе трае со месеци и изразија надеж дека тоа ќе се случи пред јуни следната година. Во меѓувреме, МВР побара и ДНК од Палевски, а се очекува наскоро да пристигне и материјалот за анализа преку меѓународна правна помош. Палевски на 30 декември ја напушти земјата и преку Србија и Бугарија пристигна во Турција.
Турција брзо ќе го врати Пало во Македонија само ако домашните правосудни органи на своите колеги им испратат цврсти докази дека убил две лица, во спротивно Палевски можеби никогаш нема да биде изведен пред лицето на правдата. Покрај сведочењето на осомничената банда која го окарактеризира како убиец, Турците очекуваат и материјални докази, односно резултатите од обдукцијата и причината за смртта.