Една нова студија открива дека прескокнувањето на појадокот, популарна практика во периодичното постење, може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, нагласувајќи ја важноста на утринскиот оброк за одржување на здравјето.
Во последниве години, се повеќе луѓе ги споделуваат своите трикови за слабеење , намалување на холестеролот и подобрување на крвниот притисок.
Студијата на Американското здружение за срце опфатила околу 20.000 возрасни со просечна возраст од 49 години. Учесниците беа следени помеѓу осум и 17 години и пополнија 24-часовен прашалник за исхрана.
Зголемен ризик од смрт
Откриено е дека оние кои јаделе во период од осум часа, карактеристично за периодичното постење, имале дури 91 отсто поголем ризик од смрт поради кардиоваскуларни болести. Ризикот беше особено зголемен кај луѓето со срцеви заболувања или рак.
Потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие тврдења, бидејќи научниците се свесни дека податоците за исхраната можат да бидат неверодостојни. Факторите како начин на живот, кои исто така можат да влијаат на здравјето, не беа земени предвид во оваа студија.
– Бевме изненадени кога откривме дека луѓето кои следат осумчасовна диета имаат поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести. Иако оваа диета е популарна поради потенцијалните краткорочни придобивки, нашето истражување јасно покажува дека пократкото времетраење на диетата не е поврзано со подолг живот. Ова е особено важно за пациентите со постоечки срцеви заболувања или рак. Нашите наоди укажуваат на потребата од повнимателен и персонализиран пристап кон исхраната, во согласност со здравствената состојба на поединецот и најновите научни докази – изјави д-р Кристофер Д. Гарднер за „ Мирор “.
Тој додаде дека иако постои „асоцијација“ помеѓу режимот на исхрана од осум часа и кардиоваскуларната смрт, тоа не значи дека времето на оброк директно ги предизвикало овие исходи. Кога станува збор за слабеење, многу експерти веруваат дека прескокнувањето на појадокот не е ефикасно и може да доведе до прејадување подоцна.
Можеби ќе ги пропуштите основните хранливи материи и ќе јадете повеќе закуски во текот на денот поради глад. Ова мислење го делат NHS, Академијата за исхрана и диететика и Диететското здружение на Австралија – објави Британската диететска асоцијација.
NHS препорачува здрав појадок богат со влакна и протеини, како што се овошна каша, пржени јајца, печурки на тост или протеински шејкови, наместо засладени житарки и преработено месо.