Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во вторникот телефонски разговарале за воената поддршка на Украина.
Тие ги допреа и чекорите на киевскиот „пат“ кон НАТО, напиша Кулеба на платформата Х, порано позната како Твитер.
„Разговаравме за приспособената годишна национална програма и целосното започнување на Советот Украина-НАТО“, рече Кулеба, додавајќи дека го информирал Столтенберг и за подготовките на Украина за првиот Форум за одбранбена индустрија.
Столтенберг го поздрави тоа што „Украина постепено освојува територии и дека сојузниците од НАТО даваат голема поддршка“.
Норвешка, Холандија и Данска неодамна ветија дека ќе и дадат на Украина борбени авиони Ф-16.