Столтенберг: Нападот на браната ја демонстрира бруталноста на руската војна во Украина

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, нападот на браната „Каховка“ во Јужна Украина го нарече „подмолен чин“.

Столтенберг на Твитер напиша дека нападот „уште еднаш ја демонстрира бруталноста на руската војна во Украина“.

Тој, исто така, истакна дека уништувањето на браната „става илјадници цивили во опасност и предизвикува сериозна штета на животната средина“.

Експлозиите во хидроцентралата „Каховка“ предизвикаа поплавување на јужните делови на земјата во близина на Керсон.

Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за уништувањето на браната.