– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово со цел да се потисне насилството што избувна на северот и ќе се подготви уште еден баталјон што ќе го испрати доколку има потреба.
„НАТО го презема овој чекор за да се осигура дека КФОР ги има силите и способностите што му се потребни за извршување на својот мандат“, рече Столтенберг на прес-конференција во Осло по состанокот со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Тој додаде дека насилството го враќа Косово и целиот регион еден чекор назад и ги изложува на ризик евроатлантските аспирации и дека силите на НАТО во Косово ќе ги преземат сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста на целото население.