– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 3-4 јуни ќе ја посети Туркије, за учествување на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и за реализирање средби со високи претставници.
Според соопштението на НАТО, Столтенберг на 3-4 јуни ќе ја посети Анкара.
Столтенберг на 3 јуни ќе учествува на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган.
Генералниот секретар на НАТО во рамки на посетата ќе реализира и средби со високи турски претставници.
Инаку, Стонтенберг вчера изјави дека по изборите во Турција, сака повторно да го започне дијалогот за членството на Шведска во НАТО, и дека за тоа ќе ја посети Анкара.