Столтенберг упати апел за продолжување на хуманитарната пауза меѓу Хамас и Израел

 – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, упати апел за продолжување на договорот за „хуманитарна пауза“ меѓу Хамас и Израел.

Денес е четвртиот и последен ден на претходно договорената хуманитарна пауза во Појасот Газа.

„Го поздравувам договорот меѓу Хамас и Израел што доведе до ослободување на заложници и достава на поголема хуманитарна помош“, рече Столтенберг во Брисел.

Исто така, тој повика на продолжување на хуманитарната пауза.

„Тоа би овозможило поголемо количество на потребната помош за луѓето во Газа и ослободување на повеќе заложници“, порача Столтенберг.

Тој додаде дека „страдањата што ги видовме ја нагласуваат потребата за трајно политичко решение“.