Стотици активисти протестираа денеска во близина на домот на американскиот претседател Џозеф Бајден во Вилмингтон, Делавер, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа.
Откако претходно истиот ден го одржа говорот за Денот на ветераните во Вашингтон, Бајден беше пречекан на кратко растојание од неговата резиденција во Вилмингтон од демонстранти кои го обвинија за геноцид, пишува Фокс њуз.
„Бајден, Бајден, не можеш да се скриеш! Te обвинуваме за геноцид!“, скандираа демонстрантите, барајќи од американскиот претседател да се заложи за прекин на огнот во Газа додека Израел продолжува со својата копнена инвазија на територијата контролирана од милитантната група Хамас.
Левичарската активистка Линда Сарсур, дете на палестински имигранти во САД, зборуваше на протестот.
Маршот следеше по масовните демонстрации на Гранд централниот терминал во Њујорк.
Белата куќа соопшти дека Израел се согласил на дневни паузи во борбите за да дозволи помош за Газа, но и САД и Израел се противат на прекинот на огнот.
Околу 240 заложници на Хамас остануваат во Газа, а се верува дека меѓу нив има и 10 Американци.