Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија и професорот доктор Игор Стојковски во 24 анализа рече дека во моментов вкупно 60 пациенти чекаат терапија на онкологија. Според него недостатокот на лекови во моментов се должи на нискиот буџет кој бил одобрен во 2024 година.
„Вработените работат максимално. Потребно е повеќе пари за да може да се набават сите лекови и ние како стручен колегиум работиме на тоа. Никогаш не дозволуваме да имаме пациенти на листа на чекање. За да се подобри состојбата со лековите во моментов работиме и на дополнување н регитарот на заболени од рак на дојка и бели дробови со што би имале и поконкретни резултати“, рече Стојковски.
Тој потенцираше и дека покрај тоа што е зголемен бројот на преживеани пациенти, зголемен е и бројот на новозаболени.