Телата на маж (73) и жена (71) се пронајдени денеска во нивниот семеен дом на улицата Цар Душан во Земун.
Според првите информации, станува збор за убиство и самоубиство.
Телата биле пронајдени откако братот на мажот алармирал дека два дена не можел да стапи во контакт со семејството. Кога отишол во куќата, вратата била заклучена, а ролетните спуштени, што дополнително го загрижило.
При влегувањето во куќата, телата на двајцата сопружници биле пронајдени во креветот во спалната соба, а до нив бил пронајден пиштол.
Според неофицијални информации, жената со години била тешко болна.