СТРАВ ОД КИНА !? Оваа европска земја ја забранува апликацијата ТикТок: “Не им даваме информации на Кинезите!“

На вработените во белгиската влада повеќе нема да им биде дозволено да ја користат видео апликацијата односно социјалната мрежа ТикТок, која е во сопственост на Кинезите, на нивните официјални мобилни телефони, соопшти во петокот белгискиот премиер Александар Де Кро.

Де Кро објасни дека белгискиот совет за национална безбедност предупредил на ризиците поврзани со големиот број податоци што ги собира ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, како и фактот дека компанијата е обврзана да соработува со кинеските разузнавачки служби.

Тоа е реалноста и затоа е логично да се забрани употребата на ТикТок на паметните телефони обезбедени од федералната влада. Безбедноста на информациите е на прво место“, посочи тој.

На ваквата одлука реагираше социјалната мрежа со соопштение во кое се вели дека се разочарани од одлуката и дека се базира на „фундаментално погрешни информации“.

Компанијата објави дека складира кориснички податоци во САД и Сингапур и дека гради центри за податоци во Европа.

Кинеската влада не може да ги принуди другите суверени нации да споделуваат податоци складирани на нивна територија“, посочи портпаролот на компанијата.

Европската комисија и Европскиот парламент минатиот месец ја забранија употребата на ТикТок на паметните телефони на нивниот персонал, загрижени поради можноста кинеската влада да собира кориснички податоци или да ги промовира сопствените интереси.

Пекинг цело време негира дека има такви намери.

Белгиската влада, исто така, во четвртокот објави дека ќе го ограничи пристапот до ТикТок на телефоните на своите вработени, а Де Кро ги повика другите регионални влади да ги применат истите правила.

Александар Де Кро.БелгијаЕвропаТикТок