Искуството на мајка која го пронашла своето дете по 69 години ѝ носи солзи, а нејзината судбина крие голема тага.
Загубата на дете за мајка претставува најголемо страдање и болка, а сите оние жени кои се соочиле со сурова судбина се доказ дека женскиот пол има неверојатна сила која може многу.
Тажна судбина ја снашла и Женевив Пуринтон во 1949 година кога имала само 18 години. Женевиев тогаш нетрпеливо чекала да роди бебе, а желбата и се исполнила по 9 месеци кога родила девојче.
„Реков дека сакам да го видам бебето“, се сеќава таа. Сепак, веста не беше добра! Лекарите и ја соопштиле страшната вест – дека бебето не преживеало.
Од моментот кога дознала дека нејзиното бебе е мртво, нејзиниот живот станал мизерија. По многу години, таа заврши сама во дом за стари лица со многу малку семејство да и помогне.
Од другата страна на земјата имаше жена опкружена со семејството, но со голема дупка во срцето. Од кога можеше да се сети, Кони се интересираше кои се нејзините биолошки родители.
„Се сеќавам кога имав пет години, сакав да ја најдам мајка ми“, изјави таа за новинарите.
Сепак, нејзиното семејство решило да и помогне, а единствениот начин била ДНК анализа преку која ги пронашла своите корени. Набрзо стапила во контакт со роднина која никогаш не ја запознала. Го спомнала името на нејзината мајка, кое и го дала компанијата.
„Тоа е мојата тетка“, одговори братучетката, а потоа додаде дека е жива.
Не долго потоа, Женевиев, сега 88-годишна жена, нетрпеливо чекаше пред вратата на домот за стари лица, држејќи се за својот шетач. Беше толку блиску до својата ќерката што ја изгубила толку одамна.
Кога се сретнале, веднаш заплакале.„Не си мртва“, рече Женевиев како да не можеше да им верува на своите очи.
Излегува дека лекарите ја излажале дека нејзината ќерка починала, а Кони била посвоена од пар од Флорида.
И порано имало вакви случаи низ целиот свет, а многу родители сè уште се обидуваат да ги најдат своите деца за кои им било кажано дека се мртви.