Две лица се пронајдени мртви, а судбината на уште четворица е непозната поради невремето што ја зафати областа Киркала во Источна Тракија.
Од силниот дожд се излеале потоци, поплавени се куќи и оштетени патишта. Размерите на катастрофата се огромни, главно во градот Игнеатас во близина на границата со Бугарија.
Поплави поради обилните врнежи имаше и во провинцијата Дарданели, каде сообраќајот беше во прекин на патната мрежа во близина на турскиот брег спроти островот Лезбос.