Драматичен натпревар во 5.коло од групата Ф беше виден во Париз.
Париз Сент Жермен во 98. минута од пенал постигна гол против Њукасл и во последното коло влезе со два бода предност пред ривалите.
Голот за „светците“ го постигна Килијан Мбапе.
Овој пенал предизвика многу полемики, а страстите не стивнуваат ниту ден подоцна. Бројни фудбалски легенди го нападнаа главниот судија на натпреварот, Полјакот Шимон Марчињак, но и неговите колеги од ВАР собата. Квајтковски веќе го плати ,,даникот” и вечерва не судеше на мечот Реал Сосиедад – Салцбург, а се очекува и да биде суспендиран.
„Како може ова да е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Гери Линекер на социјалната мрежа Х.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор беше уште попрецизен: „ВАР, умри, те молам“.
Алан Ширер, еден од најголемите асови во историјата на Њукасл, не го криеше своето незадоволство: „Каква глупоста“.
Пенал за парижаните беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливраменто и го удри во рака. Марчињак не досуди пенал, но по интервенција на ВАР собата ја погледна снимката и ја смени одлуката.