Страшен пожар на југот на Кувајт: Загинале најмалку 41 лице (ВИДЕО)

Потпретседателот на Владата на Кувајт Фахад Јусуф Сауд Ал-Сабах денеска изјави дека 41 лице загинало во пожар што утринава избувнал во зграда во која биле сместени работници во градот Мангаф на југот на земјата.

– Инцидентот е пријавен до властите во 6 часот по локално време – изјави генерал-мајор Еид Рашед Хамад, пренесе Ројтерс.

Полицијата соопшти дека се спасени десетици луѓе, како и дека полицијата предупредила на „пренатрупаност во сместувањето“, не наведувајќи детали за видот на вработување на работниците или нивното место на потекло.

Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека околу 43 лица се хоспитализирани поради пожарот.

Властите соопштија дека го ставиле пожарот под контрола и во моментов се истражува причината за пожарот.