СТРАШЕН СУДАР НА ВОЗ ВО РУСИЈА! 14 вагони со запалив товар излетаа од шините

Итно е поведена кривична постапка поради прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај

Во Русија, 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делот Алеур-Бушулеј на Трансбајкалската железница, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока , соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Сообраќајот е запрен во двата правци , пренесува ТАСС.

Нема повредени и нема опасност по околината. 

Руските железници соопштија дека поради овој инцидент доцнеле неколку патнички возови .

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.