СТРАШЕН ШОК ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ Двократниот Грен слем шампион суспендиран поради допинг

Австралискиот тенисер Макс Парсел, двократен Грен слем шампион во двојки, призна дека ги прекршил правилата за антидопинг и прифати привремена суспензија според Тениската антидопинг програма (ТАДП)!

Парсел, кој моментално е рангиран на 12-тото место на ранг-листата за двојки на АТП, призна дека го прекршил членот 2.2 од тениската антидопинг програма (употреба на забранет метод) и на 10 декември побара привремена суспензија.

Суспензијата стапи на сила на 12 декември 2024 година, а времето поминато под привремената суспензија ќе се смета за идните санкции.

Парсел моментално е актуелен шампион на УС Опен со Џордан Томпсон, додека во 2022 година го освои и Вимблдон. Исто така, двапати го загуби финалето на Австралија Опен.