Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, претходниот ден зборуваше за т.н. „специјалната воена операција“ во Украина која започна на 24. февруари 2022 година, а ја спомена и касетната муниција што Украина ќе ја добие од Соединетите Американски Држави (САД).
Да потсетиме, весникот The Washington Post на 7. јули напиша дека американскиот претседател Џо Бајден одобрил испраќање на касетна муниција, што е спротивно на американскиот закон кој забранува производство, употреба или пренос на касетна муниција.
Сергеј Шојгу претходниот ден изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира и да употреби слични средства против украинската Армија како одговор на касетната муниција. Тој додаде дека – „одлуката на американското раководство влијаела на продолжување на конфликтот“.
„Русија ќе биде принудена да користи слично оружје против Украина како одговор. Русија има касетна муниција, за сите прилики. Таа е многу поефикасна од САД“, изјавил Сергеј Шојгу, пренесуваат руските медиуми.
Што е касетна муниција ?
Ова оружје прв пат е употребено во Втората светска војна и е познато по тоа што фрла голем број мали бомби. Исто така, познато е дека е користено за масовно убивање на цивили.
Касетната муниција е забранета од поголемиот дел од светот според Конвенцијата за касетна муниција од 2008 година. Соединетите Американски Држави, Руската Федерација и Украина треба да се напомене дека не ја потпишаа оваа конвенција.
Касетната муниција експлодира во воздухот над целта и потоа исфрла илјадници помали бомби. Повеќе од 120 земји се приклучија на Конвенцијата со која се забранува употреба на овие оружја, кои се опишани како „нехумани“.
Проблемот е во „стапката на успех“ бидејќи неексплодираната муниција ја загрозува Армијата што ја фрли оваа бомба, а го загрозува непријателот на „нехуман начин“. Дури осум членки на НАТО не ја потпишаа забраната за употреба на ова оружје.