Страшна сообраќајна несреќа се случила утрово во Белград кога камион со приколка удрил во автобус. Според првите информации едно лице починало.
Несреќата се случила во 7 часот и 45 минути на патот меѓу Остружница и Умка.
Како што јави Телеграф, најмалку едно лице загина, а 15 се повредени. Петмина повредени се во тешка состојба и нивните животи се во опасност.
На фотографиите се гледа дека автобусот бил целосно смачкан, а по судирот камионот дополнително се забил во заштитниот ѕид.
На местото на несреќата се наоѓаат итните служби, голем број полицајци и пожарникари.