Страшна повреда во НБА ги шокираше сите, заплака Ентони откако го повреди ривалот (Видео)

Покрај новата неверојатна партија на Никола Јокиќ, изминатата ноќ во НБА ја одбележа и тешката повреда на еден од најдобрите играчи на Детроит Пистонс, Џејден Ајви.

Ајви се повреди на натпреварот на Детроит против Орландо Меџик, а сето тоа се случи на почетокот на четвртата четвртина од овој дуел.

Повредата на Ајви настана откако плејмејкерот на Орландо, Кол Ентони, се фрли кон него во обид да ја добие топката и заврши во нозете на Ајви.

Така Ајви се здоби со зглоб на левата нога, а во салата настана тишина, по што лекарите влегоа на подот и го ставија кошаркарот на носилка.

Во ТВ преносот можеше да се видат згрозените лица на навивачите на трибините, а потоа Ентони плаче затоа што го повредил својот ривал. Во солзи беше и Аусар Томпсон, соиграчот на Ајви од Детроит.

На овој меч Детроит го совлада Орландо со 105:96, а Ајви и покрај повредата го заврши натпреварот како најефикасен во победничките редови. Тој постигна 22 поени, а го следеше Кејд Канингем со 19, кој уфрли и 9 асистенции.