Голема ајкула фати за рака посетител на Националниот парк Еверглејдс на Флорида!
На краткото видео се гледа како млад човек се наведнува над рибарскиот брод со намера да си ги измие рацете, но речиси во истиот момент на површина излегла голема ајкула и го фатила за рака.
Младиот човек паднал во вода со застрашувачки крик.
- Фати го! Фатете го – на видеото се слуша како викаат другите патници.
Младиот човек некако успеал да излезе од водата, а на видеото се гледа крвавата трага оставена од неговата рака.
Службата за националниот парк соопшти дека не се сигурни каков тип на ајкула го нападнала младиот рибар, но локалните медиуми неофицијално објавија дека се работи за бик ајкула.
Чуварите на паркот веднаш се погрижиле за младиот човек кој бил нападнат од ајкулата, а потоа спасувачкиот персонал со хеликоптер го префрлил во медицинскиот центар во околината на Мајами.
Засега не е познато колку е сериозна повредата на раката.
Рибарот кој ја снимил целата сцена вели дека глетката била застрашувачка.
– Денеска беше еден од најстрашните денови на вода што сум ги имал. Започна одлично и моите пријатели имаа добар улов, но и покрај нашите напори дел од рибите што ги фативме ги изедоа ајкулите – напишал рибарот и нагласил дека ајкулите не биле испровоцирани, односно немало крв или мамка во водата во тоа време.