Страшна сообраќајка во Канада: Четворица загинати во полициска потера по ограбувач на банка

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Торонто за време на полициска потера по осомничениот ограбувач на банка, кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио .

На видеото споделено на платформата X се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.