Сопатникот (40) од „фиатот“ кој вчера беше тешко повреден на автопатот „Милош Велики“ во Србија, во несреќа во која загина неговиот другар (53), кој управуваше со автомобилот, снимаше видео за Тик- Ток.
Во видео објавено на Тик-Ток, еден од корисниците објави видео од возење во спротивна насока, апострофирајќи дека сопатникот во тој автомобил цело време држел мобилен телефон во рацете и снимал.
Оваа информација, сепак, не е официјално потврдена, а полициската истрага ќе ги утврди сите детали за страшната несреќа.
Да потсетиме, маж (53) загина на автопатот „Милош Велики“ во Србија кога возејќи „фиат“ на брзата лента во спротивен правец, удрил во друг автомобил. При судирот се запалило возилото во кое се наоѓал, а тој, како што објавија српските портали, останал заробен во него и жив изгорел.
Во оваа страшна сообраќајка е повредена совозачот, како и една жена (30), која била зад воланот на „хјундаито“ во кое удрило „фиат пунто“.
Имајте предвид дека видеото од страшната сообраќајна несреќа има вознемирувачка содржина.