Најмалку 45 отсто од станбените згради во Појасот Газа се уништени или оштетени од 4 ноември, а 200.000 луѓе се без покрив над главата, соопшти денеска Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Таа палестинска енклава, според податоците на Европската комисија, е едно од најгусто населените места во светот, со повеќе од 500 луѓе на 100 квадратни метри во многу области, наведува Си-Ен-Ен.
Претставници на ОН соопштија дека 14 болници и 71 отсто од установите за примарна здравствена заштита низ Газа се затворени.
OCHA рече дека една третина од болниците мора да се затворат, а оние што остануваат отворени често работат со ограничена електрична енергија и без анестезија и чиста вода, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН.
Сите пекари на северот мораа да бидат затворени поради оштетување или недостиг на гориво.
Единствената електрана во Газа остана без гориво, а не работи и постројката за бигор на морска вода на север. Водата за пиење исчезнува за стотици илјади цивили.
Израел изврши повеќе воздушни напади на околу еден километар од преминот Рафах, единствениот начин за влез и излез од Појасот Газа кој не е под израелска контрола.
Преминот, контролиран од Египет, е главно затворен откако Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври.
Северниот дел на Појасот Газа е без струја и гориво од 11 октомври