Најмалку 19 лица загинаа, а 31 се повредени во уривање на автопат во јужна Кина.
CCTV соопшти дека сообраќајната несреќа без преседан се случила околу 2 часот по локално време во средата на автопатот Меида, кој се протега од провинцијата Гуангдонг до провинцијата Фуџијан.
Повеќе од 18 метри од патот заврши во провалија.
– 18 автомобили останаа заробени под урнатините – наведува централната кинеска телевизија и додава дека 31 лице се префрлени во болница.
Властите во провинцијата Гуангдонг формираа кризен штаб додека повеќе од 500 спасувачи се испратени на местото на настанот.
Сообраќајот на автопатот е блокиран.