Сплавот во Смедерево, на кејот Дунав, потона синоќа додека на него имаше гости кои пристигнаа на свеченото отворање. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека главно млади луѓе бегаат во страв да не завршат во ледена вода.
На видеата се слушаат панични гости како врескаат додека се обидуваат да го преминат мостот за да дојдат до брегот и да се спасат, а само од чиста среќа никој не е повреден. Инаку, сплавот целосно изгоре во август минатата година. Потоа околу 4 часот наутро на истото место избувнал пожар за кој не се знаело како настанал, а пожарникарите со часови се бореле со огнот.
Тогаш објектот изгоре речиси целосно, остана само дел од металната конструкција, па сопствениците очигледно решиле повторно да го отворат локалот, но тој почнал да тоне вечерта на свеченото отворање, кое беше најавено со голема раскош. Инаку, пред да почне да тоне сплавот, луѓето објавуваа видеа како добро се забавуваат, покажувајќи колку е полн шанкот.