СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ЛА ЛИГАТА – Навивач почина од срцев удар на трибините – натпреварот прекинат

Откако Атлетик Билбао поведе со голот на Ињаки Вилијамс во шестата минута од натпреварот, на гостувањето кај Гранада, натпреварот беше прекинат во 18. минута. Имено, гостинскиот голман, Унаи Симон, му гестикулираше на судијата дека нешто се случува на трибините, по што на помош притрчаа медицинските служби на двата тима. Како што пренесуваат шпанските медиуми, еден навивач доживеал срцев удар, а Ла Лига на официјалните канали објави дека навивачот набрзо починал.

Во еден момент докторите се вратиле на клупите, а се чинеше дека играта ќе продолжи, но во 38. минута судијата ги испрати играчите на двата тима во соблекувалната.

Откако направи одлична работа да му ја обезбеди потребната помош на навивачот, Унаи Симон доби овации од домашната публика.

Навивачите го предупредија линискиот судија да ја прекине играта, а Унаи Симон беше тој што му кажа на судијата. Интервенирале двата тима доктори. Беше тешка ситуација“, изјавил еден од сведоците за шпанските медиуми.

Ла Лигасмртфудбал