Страшна трагедија во омиленото одмаралиште на Македонците: Малолетен син брутално си го убил својот татко со нож, а потоа и се јавил на мајка му и зборувал бизарни работи

Во Грција 16-годишно момче го избодел до смрт својот 71-годишен татко откако наводно имал „епизода“, а полицијата брзо реагирала и го уапсила. Според грчките медиуми, причините за злосторството се уште не се познати.

Според првите информации, грчката полиција околу 10 часот вечерта била повикана од жена која пријавила дека нејзиниот малолетен син ја известил дека имал епизода со неговиот 71-годишен татко, при што го избодел со нож.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, на што укажала мајката на 16-годишникот, каде го пронашле мртов 71-годишниот човек и го привеле малолетниот сторител.

Причините кои довеле до трагедијата се уште не се разјаснети, а истрагата на полицијата и обвинителството е во тек, вклучително и сведочењето на мајката, а се истражува и дали малолетниот убиец бил под дејство на алкохол.

Грцијасемејствоубиство