Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во градот Ремс , на североистокот на Франција, соопштија локалните власти.
Двајца возрасни лица се тешко повредени и се во критична состојба во болница, додека 12 други лица, меѓу кои и деца, се здобиле со полесни повреди.
Сведоците изјавија дека слушнале вресоци и експлозија, како и дека 13-годишно момче скокнало од четвртиот кат во обид да избега од пожарот.
Се додава дека толпата се обидела да му помогне на момчето, но тој починал на самото место.
Полициските службеници беа првите што пристигнаа на местото на настанот, евакуирајќи ги жителите од скалите, а потоа пристигнаа околу 60 пожарникари.