Директорката на колеџот Епсом, Сари, Ема Патисон беше пронајдена мртва заедно со нејзиниот сопруг и малата ќерка. Телата на Ема Патисон (45), сопругот Џорџ (39) и седумгодишната Лети биле пронајдени во училишниот двор во раните утрински часови.
Службата за брза помош на Југоисточниот брег контактирала со Сари Полицијата и полицајците пристигнале на локацијата околу 1.10 часот. Во тек е полициска истрага, по што ќе бидат познати деталите за трагедијата.
Полициските службеници рекоа дека се убедени дека во овој случај нема трето лице , пишува Sky news.
Д-р Аластер Велс, претседател на одборот на гувернери на колеџот Епсом, рече дека сите се шокирани од она што се случило , – Сочувство до семејството, пријателите и многуте студенти и колеги чии животи таа ги збогати, нашите мисли се кон нив – беше објавено. Во соопштението се додава дека Ема била прекрасна учителка, но пред се прекрасна професорка.
Главниот инспектор најави дека полицијата ќе спроведе темелна истрага.
– Свесни сме дека овој трагичен инцидент ќе предизвика загриженост и вознемиреност во локалната заедница. Иако се верува дека станува збор за изолиран инцидент , во наредните денови нашите службеници ќе останат во областа за да обезбедат безбедност на учениците, родителите, наставниците и локалната заедница – најави тој.
Тројца смртни случаи биле пријавени кај судскиот лекар.