СТРАШНИОТ ЗВУК ПОКАЖУВА ДЕКА ВУЛКАНОТ Е СПРЕМЕН ДА ЕКСПЛОДИРА – Драма на Исланд: Луѓето се припремаат за најлошото

Исланд се подготвува за голема вулканска ерупција која би можела да збрише цел град и да ослободи токсични испарувања.

Земјата нареди евакуација и прогласи вонредна состојба бидејќи сеизмичките активности се интензивираат околу вулканот Фаградалсфјал, кој се очекува да еруптира во наредните денови.

Исланд веднаш ги евакуираше жителите на блискиот Гриндавик и блиската геотермална централа „Свартсенги“, една од најстарите геотермални централи во светот, која беше прва што го комбинираше производството на електрична енергија со топла вода за греење во регионот.

„Blue Lagoon“

Сега јавноста можат да слушаат како всушност звучи вознемирувачкиот татнеж благодарение на апликацијата што ги трансформира сеизмичките фреквенции во тонови. Апликацијата Earthtunes, развиена од Универзитетот „Нортвестерн“ го претвора тресењето во звук.

Резултатот е „возбудлива и застрашувачка“ какафонија на бучава додека островскиот полуостров Рејкјанес е погоден од стотици земјотреси.

Според истражувачите, ова е слично на удирање врата или град кој удира во лимен покрив или прозорец.

Активноста е возбудлива и страшна“, вели сеизмологот Сузан ван дер Ли, која заедно со својот тим го разви Earthtunes.

Достапни се неколку аудио снимки снимени од 10. до 11. ноември. Сузан ван дер Ли открива како активноста се интензивирала околу областа Фаградалсфјал.

На снимката се слушаат 24 часа сеизмички податоци исполнети со земјотресни сигнали. Огромното мнозинство од овие земјотреси се поврзани со навлегувањето на магмата во кората на областа Фаградалсфјал-Свартсенги-Гриндавик на полуостровот Рајкјанес“, вели Сузан ван дер Ли.

Таа објаснува дека 24-часовната активност била компресирана во околу минута и пол звук што го доловил невидениот интензитет на земјотресот.

Исландските сеизмолози ги следеа земјотресите и нивната зголемена сила и менување на моделите. Тие препознаа слични модели на роевите земјотреси кои претходеа на ерупциите на соседниот вулкан Фаградалсфјал од 2021 до 2023 година“, вели Сузан ван дер Ли.

Повеќе од 4.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во градот Гриндавик поради неговата близина до вулканот Фаградалсфјал на полуостровот Рајкјанес, а популарната туристичка атракција „Blue Lagoon“ беше затворена.

Минатата недела, Гриндавик стана обложена со масивни пукнатини во земјата кои исфрлаат пареа – резултат на движењето на магмата под земја и туркањето во Земјината кора. Истиот дел е евакуиран поради опасност од „огнени фонтани“ и штетни гасови, а мештаните кои живеат таму не се сигурни дали ќе имаат на што да се вратат доколку вулканот експлодира.

Сузан ван дер Ли вели дека претстојната експлозија потсетува на ерупцијата Хејмае во 1973 година во архипелагот Вестманаеихар во Исланд.

вулканземјотресИсландФаградалсфјал