За среќа, сè беше краткотрајно.
Застрашувачки видеа од пијавицата, кои се формираа во Италија, ги преплавија социјалните мрежи.
Според медиумите, огромна и застрашувачка пијавица се појавила на брегот на Амалфи во вторник, на 21 ноември.
Вртлог од воздух и вода, најверојатно предизвикан од лошото време, одеднаш се појавил во морето, а потоа брзо се движел кон брегот, каде што пристигнал неколку секунди подоцна.
За среќа, не е забележана штета.
Колона воздух се издигна од површината на водата кон небото, надминувајќи ја висината на целиот рт, што може да се види на неколку видеа објавени од жителите на областа.
Според медиумите, вртлогот потоа се урнал на карпа меѓу градот Мајори и областа Капо д’Орсо, област каде што нема домови.
Истиот феномен беше и во Салерно, каде помал виор ги допре рабовите на пристаништето.
Италијанските медиуми пишуваат дека брзината со која пијавицата се движела кон копното била импресивна, со брзина од неколку стотици метри за само неколку секунди. За среќа, сè беше краткотрајно. Вителот се раствори набргу откако удри во земјата.
Но, жителите на тој крај сепак успеале да ја снимат целата сцена со мобилните телефони од своите домови. Сликите веднаш станаа вирални на социјалните мрежи. Пијавицата исплаши многу жители, но за среќа не направи никаква штета.