СТРАШНИ ДЕТАЛИ – Детето монструм и чуварот Драган биле во добри односи, но кога тој му застанал на патот кон крвавата гозба го ликвидирал: Видел сомнителен ранец и го запрел на вратата, а потоа…

Училишниот чувар Драган Влаховиќ бил првиот што бил убиен на влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Извор на српски Курир наведува дека чичко Драган, како што го нарекувале учениците, кога влегол во дворот забележал нешто чудно кај момчето К.К.(13 г.) и затоа го запрел штом влегол во училиштето пред да го изврши масакарот.

Според изворот, осомничениот најверојатно немало да влече пиштол врз него доколку чуварот не му пријде. „Тој наводно се вознемирил кога влегувал во училиштето и се збунил, а ранецот го носел напред, а не на грб. И тогаш чуварот го запрел да го праша што не е во ред, бидејќи ги сакал сите ученици и сака да разговара со нив и да ги праша дали забележува дека нешто ги мачи. Така било и овојпат“, рекол изворот и додал дека Драган и осомниченото момче многу се сакале и дека биле во одлични односи.

Изворот кажал дека момчето потврдило дека имал добри односи со училишниот чувар и дека приватно разменувале пораки. Тој понатаму наведува дека момчето го извадило пиштолот штом Драган го запрел и дека најверојатно го застрелал затоа што му засметал на патот кон крвавата гозба која ја извршил.

Во медиумите беше наведено дека на списокот е и училишниот чувар. Да потсетиме, првиот човек на полицијата за град Белград откри дека момчето (13 г.) имало список со деца кои планирал да ги ликвидира.

К.К е осомничен дека убил осум ученици и училишен чувар, како и дека ранил шест ученици и една наставничка по историја.

БелградКоста К.смртСрбијаубиство