Двегодишно девојче од Кичево по 22 дена борба за живот почина во болница. Според информациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и се сомничи дека на 18. декември, пред да биде хоспитализирано девојчето, и нанел тешки телесни повреди на својата ќерка.
Како што е наведено, девојчето прво било пренесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје, каде во понеделникот ја загубила битката и починала.
Во координација со јавен обвинител против 30-годишниот татко на Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.12.2023 година во 23:30 часот, СВР Скопје од клиниката „Мајка Тереза“ добиле пријава дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.
Полицајците извршиле официјален разговор со мајката на девојчето, која изјавила дека детето се здобило со повреди кога паднало додека си играло.
На 10.01.2024 година во 15:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници на ОВР Кичево го привеле Ф.Д. (30 г.) од Кичево.