СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА – Речиси 500 згради несоодветни за живеење, 34 уништени и многу луѓе раселени…

Според прелиминарните податоци на Владата на Словенија, во разорните поплави што се случија во таа земја на почетокот на август, целосно се уништени 34 згради, додека речиси 500 згради биле непогодни за живеење, а 649 лица се раселени.

Во спасувањето на луѓето и отстранувањето на последиците учествуваа меѓу 2.000 и 8.000 спасувачи и доброволци, како и припадници на Армијата, полицијата и цивилната заштита, а досега се собрани над 4,5 милиони евра преку Црвениот крст, известуваат веб-порталот 24UR.

Владата веднаш по поплавите одлучи да додели 10 милиони евра хуманитарна помош за жителите од погодените подрачја наменети за снабдување со најнеопходната храна.

Поплави во Словенија

Се подготвува уште еден пакет помош кој ќе има за цел да им помогне на луѓето „барем отприлика да застанат на нозе“, а се подготвува и нов закон за интервенции кој меѓу другото ќе содржи мерка според која настраданите од поплавите ќе добиваат седумкратен паушал износ поголем од минималните трошоци за живот, што значи седум пати 465 евра за самец и седум пати 1.639 евра за четиричлено домаќинство со двајца вработени родители и две малолетни деца.

Тој закон треба да биде усвоен од Владата до крајот на неделата, а до крајот на следната недела од Народното собрание на Словенија, па може да стапи на сила веќе во септември.

поплаваСловенијатрагедија