Сателитските снимки на браната Нова Каховка ја покажуваат вистинската слика на уништувањето предизвикано прво од експлозијата, а подоцна и од големиот наплив на вода.
Како што пишува Ројтерс, руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за нападот на хидроелектраната.
Новите сателитски снимки ја покажуваат страшната ситуација на местото каде некогаш стоела многу важна брана.
По експлозијата и огромниот наплив на вода, сателитите снимија застрашувачки сцени од последиците од нападот на хидроелектраната. Исто така, е објавено видео каде се споредува состојбата на централата точно пред и по нападот.
Браната висока 30 километри и долга 3,2 километри е изградена на реките Днепар во 1956 година како дел од хидроцентрала и содржи резервоар од 18 кубни километри што ги снабдува со вода Крим и нуклеарната централа Запорожје.
Претставници на Европската унија денеска го осудија уништувањето на големата брана на хидроцентралата Нова Каховка на југот на Украина, обвинувајќи ја Москва за тоа и оценувајќи дека тоа е нов пример на руска „варварска агресија“.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, коментирајќи ги обвинувањата дека Москва е одговорна за делумното уривање на хидроцентралата Нова Каховка, изјави дека тоа нема никаква смисла бидејќи се работи за територија контролирана од Русија.