Чешката тенисерка Катерина Сињакова за чудо избегна тешка повреда на мечот против Џесика Пегула .
Чехињата играше против Американката во четвртфиналето на турнирот во Берлин кој се игра на тревна подлога. Додека удирала слем, стапалото и се лизнало и завршила на подот.
Снимката од тој момент е застрашувачка и на прв поглед се чинеше дека Сињакова воопшто нема да може да стане. Таа падна на теренот, а се гледаше дека има болки.
За чудо по кратка пауза успеа да го продолжи натпреварот, но сепак малку подоцна беше прекинат бидејќи Чехињата не можеше да игра.