Хорор сцени во Бразил!
Фудбалскиот свет не памети ваква трагедија на фудбалски натпревар!
Станува збор за аматерски фудбалски тим, а ужасните сцени се случиле на крајот на јануари, пишува бразилскиот “UOL”.
Како што може да се види на вознемирувачкото видео, пред почетокот на пенал серијата момци кои пукаат влегуваат на теренот и во таа прилика загинаа тројца играчи!
Како што наведува гореспоменатиот бразилски медиум, се работи за пресметка на криминални групи.
“Пеледао е првенство со традиција од повеќе од 50 години. Сите сакаа да учествуваат и да ја освојат титулата, а на турнирот имаше повеќе од 1.500 тимови поделени по категории. Семејствата доаѓаа да ги гледаат натпреварите. Меѓутоа, од пред 10-на години некои криминални фракции почнаа да составуваат тимови, да им се закануваат на судиите и да манипулираат со играчите. Почнаа тепачки, а тимот што играше против тие фракции веќе знаеше дека мора да загуби бидејќи ќе се случи најлошото “, рече еден од сведоците од теренот, известува UOL.”