Вооружени борци на исламската милитантна група Хамас денеска истрелаа десетици ракети кон Израел и влегоа во јужниот дел на земјата во ненадеен напад што ја натера израелската армија да објави „подготвеност за војна“.
Многу патници останаа заробени на аеродромите во поголемите израелски градови, додека ракетите летаа на небото.
Една таква сцена е снимена на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, каде патниците биле принудени да се кријат од можни напади лежејќи на пистата и покривајќи ги своите тела.
На видеото од аеродромот се гледаат деца како лежат на асфалтот, додека некои патници разговараат на телефон, претпоставувајќи дека разговараат со своите најблиски и проверуваат кога се нивните следни летови.
Во позадина се слушаат сирени кои најавуваат нови напади, а потоа и експлозии на ракети истрелани кон Тел Авив.
Потсетуваме, канонада ракети беше истрелан над Тел Авив по заканите од Хамас, додека новите информации говорат дека нова рунда ракети била истрелана во Газа. Новиот напад погоди повеќе локации во Израел, вклучувајќи го и Тел Авив. Засега нема информации за жртви и повредени.