Најмалку 37 лица го загубија животот во пожар во миграцискиот центар во градот Сиудад Хуарез во северно Мексико, соопштија тамошните власти.
Надлежните соопштија дека пожарот во канцеларијата на Националниот институт за миграција настанал откако од улиците на градот собрале околу 71 мигрант. Спасувачите за медиумската агенција Reuters изјавиле дека има и многу повредени мигранти.
Властите не ја соопштуваат причината за пожарот или националноста на жртвите. CNN побара изјава до мексиканските имиграциски власти но досега се нема никој огласено.